Конвој со џихадисти и бегалци од Либан пристигна во Сирија

Од:

Конвој со повеќе од сто автобуси, со кои се превезуваа илјадници сириски бегалци и борци поврзани со Ал Каеда, синоќа од Либан пристигна во Сирија.

– Автобусите, кои вчера тргнаа од либанскиот град Арсал пристигнаа во Флита, град под контрола на сириските владини сили, изјави неименуван сириски претставник.

Нивното враќање во Сирија е дел од договорот меѓу џихадистичката група Џебхат фатах ал Шам, огранок на Ал Каеда во Сирија и либанската шиитска милитатнтно движење Хезболах.

Во Сирија пристигнаа 7.777 луѓе од кои 1.116 борци. Тие ќе бидат проверени од сириските власти, а потоа ќе бидат насочени кон провинцијата Идлиб.

Според Хезболах, петмина нејзини припадници кои беа заробени од Џебхат фатах ал Шам во 2015 година во Сирија, ќе бидат ослободени во близина на Идлиб, откако автубусите ќе пристигнат во Алепо.

Хезболах минатата недела во координација со сириската армија почна да го расчистува реонот на либанскиот град Арсал од џихадисти. Арсал се наоѓа на границата со Сирија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нетанјаху: Израел ќе остане на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне друг договор

Русите се повлекуваат од базите во Сирија

ВИДЕО: Масовна гробница со 100 000 илјади тела откриена во Сирија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозии во Сирија: Најсилен израелски напад од 2012 година

Катерина Ѓуровски

Каја Калас: ЕУ нема да ги укине санкциите за Сирија додека не се обезбеди заштита на малцинствата и жените

Новиот сириски лидер не е заинтересиран за конфликт со Израел