Денот на Републиката одбележан во Тетово

Од:

Со интонирање на државаната химна, едноминутно молчење за сите загинати за Република Македонија и полагање букети цвеќе пред споменикот на Револуцијата во центарот на Тетово повеќе институции, здруженија и организации го одбележаа македонскиот национален празник Илинден – Денот на Републиката.

На чествувањето организирано од општинската организација на Сојузот на борци од Тетово, претседателот на организацијата Јоцко Димитриески истакна дека Илинден 1903 и Илинден 1944 се дел од историјата на македонскиот народ како судбоносни датуми со кои народот се препознава и кои ја определуваат неговата иднина.

– Во првиот случај на овој ден 1903-та година се крена Илинденското востание што заврши со трагичен и крвав пораз, но истовремено тогаш со создавањето на Крушевската Република победи македонскиот дух и свеста за неговата посебност и потреба од своја држава. Републиката траеше само 10 дена по своето историско значење е голема како прва демократска држава со републикански карактер на Балканот. Вориот датум е за Првото заседание на АСНОМ кога е остварено сето она за што намачениот македонски народ мечтаел и сонувал низ вековите и за што гинеле многу негови синови и ќерки, рече Димитриески.

Додаде дека иако имало многу обиди АСНОМ да се минимизира никој не може да ја промени историјата и да ги оспори фактите дека на 2-ри август 1944 година е создадена современата македонска држава.

– АСНОМ е голем и по демократските одлуки кои и ден денес се актуелни и на кои можат да им позавидат и многу модерни држави. Денес кога овој празник свечено се прославува низ целата територија на Македонија мораме уште еднаш да потсетиме дека патот на младата македонска држава е втемелен врз принципите на АСНОМ и оти Македонија мора да остане на тој пат започнат со светите идеи на двата Илиндена, рече Димитриески.

На чевствувањето на двата Илиндена и Денот на Републиката во Тетово присутвуваа делегации од општина Тетово, гарнизонот на АРМ предводена од комнадантот потполковник Гоце Филипоски, Сојузот на борци од Тетово, претставници на политичките партии ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ и ВМРО – НП, здруженијата на пензионери, воено – полициски резервисти, резервните офицери, Бедем, Македонски херои и Здружението на Срби и Македонци КУД Бранко Чајка.

Би можело да ве интересира

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, Таравари повика да делуваат судските органи ако се утврди лекарска грешка

Катерина Ѓуровски