Загина параглајдерист од Словачка, втор несреќен случај за два дена

Од:

Четириесетгодишниот параглајдерист од Словачка Т.С. вчера попладне околу 16 часот го загубил животот во атарот на прилепското село Мажучиште.

Тој летал со параглајдер од Мечкин Камен, Крушево, а во Мажучиште паднал и починал, соопшти полицијата во дневниот Билтен.

Екипа на итна медицинска помош констатирала смрт. Увид на местото извршил јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица-Прилеп и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Во саботата во близина на Крушево загина и параглајдеристот Ј.В. (51) од Чешка, кого спасувачка екипа го нашла починат во местото викано „Две чешми“. Тој, исто така, полетал од Мечкин Камен во Крушево и додека управувал со параглајдерот се закачил на дрво, по што паднал на земја и починал.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата