А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев ќе претседава на Самитот на Јадранската повелба на кој ќе учествува и потпретседателот на САД, Пенс

by А1он01/08/2017 - 13:14176
Share0

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев е кодомаќин, заедно со премиерот на Република Црна Гора Душко Маровиќ, на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, што на 2 август ќе се одржи во Подгорица, соопшти владината прес-служба.

Следете a1on на Instagram Instagram

На Самитот со кој ќе претседава премиерот Заев, во име на земјата претседавач Република Македонија, ќе учествува и потпретседалот на Соединетите американски држави, Мајкл Ричард Пенс.

Делегациите на земјите членки на Јадранската повелба ги предводат премиерите на Албанија, Еди Рама, на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ и Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, како и на земјите набљудувачи, Србија, со премиерката Ана Брнабиќ, Косово со премиерот Хашим Тачи и Словенија со премиерот Миро Церар.

Во составот на делегацијата на Република Македонија се заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, заменик претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лик,министерот за надворешни рабти Никола Димитров и пратеникот Стево Пендаровски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Свечениот дел од Самитот на земјите членки на Јадранската повелба ќе почне на 2 август во 13:00 часот со изјави на премиерот на Република Македонија Зоран Заев, премиерот на Црна ГораДушко Марковиќ и со обраќање на потпретседателот на САД Мајкл Ричард Пенс.

Програмата потоа предвидува билатерални состаноци на шефовите на делегации со потпретседателот на САД Мајкл Ричард Пенс, по што ќе почне работната сесија на самитот (14:30-15:45) со темите „Интеграциски процеси во Регионот“ и „Улогата и придонесот на Јадранската повелба кон регионалната и глобалната безбедност“.

По завршувањето на работниот дел, во 15 и 45 минути е предвидено заедничко фотографирање.

Премиерот Зоран Заев, и делегацијата од Република Македонија, пред заминувањето од Подгорица ќе одржат брифинг со акредитираните новинари на Самитот.

vladaZaev

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

Катерина Ѓуровски17/07/2026 - 11:42

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Горан Наумовски16/07/2026 - 09:05

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Горан Наумовски13/07/2026 - 22:40

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

Горан Наумовски21/06/2026 - 10:43

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Горан Наумовски20/06/2026 - 12:14

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Горан Наумовски20/06/2026 - 09:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео