Заврши 10. Македонско културно лето во Пустец

Од:

Со изведба на претставата „Циклус Македонија“ и доделување на наградите, синоќа на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, Албанија, заврши 10-тиот фестивал Македонско културно лето.

Како што информира Здружение „Сонце“, награди за актерка и актер на фестивалот добиле Зорица Панчиќ од претставата „Театар, љубов моја“ и Фаик Мефаиловски од претставата „Синиот портокал“ – двете во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес.

Театарот за деца и младинци од Скопје добил награда за колективна актерска игра за претставата „Гига мега бајка“. Специјална награда за колективна актерска игра им е доделена на актерите на Народен театар Слојштица за претставата „Приказните на заборавените предци“.

Одлуката за наградите ја донесе фестивалското жири во состав: Анастас Тановски (претседател) и Владимир Тулиев и Едмонд Сотир (членови).

Здружението „Сонце“ соопшти дека директорот на фестивалот Едмонд Сотир им врачил признанија за поддршка на македонската култура на заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, на градоначалникот на Пустец, на претставници на Општина Велес, Град Скопје и на компании.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски