Почна изградбата на нови простории за ловџиите во општина Неготино

Од:

Нови простории за Ловечкото друштво „Вардар” почнаа да се градат денеска во Неготино. Неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов појасни дека со продажбата на салата на ДТВ „Партизан“ и нејзината пренамена во модерен станбено-деловен објект се опфатени и поранешните простории на ловното друштво, а со самото тоа, рече тој, се наметнала неопходноста ловџиите да добијат нови простории.

Во присуство на ловџии од целата општина, Апостолов информираше дека локалната самоуправа има континуирана соработка со сите, па и со ловното друштво.

Во име на неготинските ловци, задоволство од изградбата на нови простории изрази претедателот на ловното друштво Димче Михов.

– Овој објект е од големо значење за нашето друштво кое брои окоу 300 членови. Покрај со ловство, се занимаваме и со прехранување на дивеч. Имаме добра соработка со општина Неготино и неготинскиот градоначалник, кој има разбирање за сите наши барања. Се надеваме на соработка и во иднина, рече Михов.

Проектот чини околу два милиона денара, а објектот треба да биде изграден најдоцна за два месеца.

Би можело да ве интересира

Две жени се повредени во сообраќајка во близина на Неготино

Горан Наумовски

Приведен 48-годишник од неготинско село за напад врз малолетниот внук

Маж со нож и се заканувал на сопругата

Кавадарчанец е тешко повреден во сообраќајка

Изгоре покрив од куќа при пожар во Неготино

Тешко повредено едно лице откако со возило удрило во паркиран автомобил во Неготино