АРМ и МВР ангажирани за справување со пожарите

Од:

Владата на Република Македонија на последната седница донесе одлука Министерството за внатрешни работи да го зголеми присуството на терен во сите засегнати опожарени подрачја, да продолжи континуираното гасење и локализација на активните пожари, како и овозможување услови за делување на АРМ, активно вклучена на теренот.

Исто така, ЈП Македонски шуми треба непрекинато да ја информира Дирекцијата за заштита и спасување за сите новонастанати состојби на терен и соодветно на развојот на настаните на терен.

За време на седницата, Владата, како што е наведено во соопштението од прес-службата, го задолжи Управувачкиот комитет за координација и управување на системот за управување со кризи да донесат итни заклучоци и мерки за засилено делување на сите надлежни институции, како и единиците на локалната самоуправа во насока на справување со сите активни пожари на територијата на Република Македонија.

Во состав на Управувачкиот комитет се министрите за внатрешни работи и за одбрана Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска, за транспорт и врски Горан Сугарески, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, како и претседателот на ЦУК, Агрон Буџаку, претставници на АРМ, претставник од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов и претставници од ЈП Македонски шуми и УХМР.

За времено решавање на проблемот со депонијата во Струга, Владата на Република Македонија донесе одлука да издвои 12.000.000 денари од резервите на Буџетот за да бидат наменети за компресирање и транспорт на сметот од депонијата во Струга на друга локација.

Би можело да ве интересира

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации