Владата донесе одлука за зголемување на капиталот што Република Македонија го поседува во Меѓународната банка за обнова и развој со запишување на дополнителни 114 акции, соопшти владината прес-служба.
За спроведување на оваа одлука овластен е министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој треба да го потпише инструментот за запишување на акциите кај Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка.
Владата, на барање на кабинетот на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, ја разгледа и ја усвои информацијата за иницирање постапка за донесување одлука за овластување на организација за изработка на одликувања на Република Македонија.