Во Скопје вчера 12 сообраќајки, двајца потешко повредени

Од:

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле 12 сообраќајни несреќи. Во три од нив со полесни телесни повреди се здобиле четири лица, а во две сообраќајки со тешки телесни повреди се здобиле две лица. Во седум сообраќајки е причинета материјална штета.

Како што информира СВР Скопје, санкционирани се шест возачи кои не ги почитувале светлосно сигналните уреди, односно поминале на црвено светло на семафорот, пет возачи за време на управување на моторните возила не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а девет возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани. Затекнати се 29 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле 54 возила.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ