Заев: Очекувам Зврлевски да биде разрешен пред одморот на Собранието

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува јавниот обвинител Марко Зврлевски да биде разрешен пред годишниот одмор на Собранието затоа што во друг случај, како што кажа, тоа би било банално.

– Мислам дека процедурите се јасни. Верувам во ефикасноста на Парламентот заради тоа што во донесувањето на одлуките ќе ја придвижи Македонија побрзо по своите аспирации. Дел од тие аспирации се конечно враќање на независното правосудство, како една од најзначајните реформи кои граѓаните на Македонија и Република Македонија воопшто ги имаат поставено како цели, рече Заев, кој денеска присуствуваше на отворениот ден за високи гости на вежбата „Dragoon Guardian 2017“ на Криволак.

Изрази надеж дека грешки ќе има се помалку, поради тоа што, како што кажа, на сите држави им треба независно правосудство кое ќе одлучува исклучиво по Устав, по закон и по сопствено убедување на судиите и никако поинаку.

Одговарајќи на новинарско прашање за влегувањето на граѓанскиот активист Богдан Илиевски Бетмен во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека тоа само уште еднаш ја потврдило тезата која што тие ја кажувале за настаните во Собранието на 27 април.

– Навистина е добро осмислена организација со добра мотивација и со конечна цел како што тогаш го дефиниравме – одземање животи на пратеници од мнозинството. Драго ми е што тоа не се случи. Можам повторно да се вратам на таа теза која ја кажав. Нека биде поука на сите, никогаш повеќе да не се повтори. А оној којшто нема срам тоа да го направи, навистина нека биде на показ на јавноста за неговите одлуки, нагласи Заев.

Во однос на Избирачкиот список, рече дека Република Македонија и надлежните министерства и Државната изборна комисија треба да продолжат со прочистувањето на Избирачкиот список се додека не се воведе електронско гласање.

– До тогаш дефинитивно она што го видовме, коешто е слабост на самиот Избирачки список, илјадници граѓани, пред се, оние кои ја напуштиле државата и ги определивме под ѕвездичка, но и оние кои навистина беа дуплирани во самите избирачки списоци, веќе се согледува едно практично искуство коешто на најтранспарентен начин очекувам Министерството за внатрешни работи, но и ДИК навремено да ги објават. Граѓаните мора да му веруваат целосно на Избирачкиот список за да можеме да кажеме дека имаме регуларни и кредибилни избори, истакна Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка – ортаци се во криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески