Младинската ракометна репрезентација на Шпанија за првпат стана светски првак откако синоќа по продолжение во финалето ја совлада Данска со 39:38 (34:34; 16:18). Решавачкиот гол го постигна Даниел Душебаев, додека голманот на Шпанија Џоан Ледо ги одбрани сите удари кон неговиот гол во последните три минути од продолжението.
Шпанија во своето шесто финале конечно стигна до златниот медал, додека Данска остана со три титули светски шампион и по петти пат загуби во финалето.
Во дуелот за третото место Франција ја победи Германија со 23:22.
Македонија првенството го заврши на шестото место што е најдобар резултат на македонска селекција на Светските првенства. Во дуелот за 5.место Унгарија ја победи Македонија со 26:22.