Западот продолжува да замижува пред фактот дека западниот Балкан и натаму претставува буре барут, изјави поранешниот словенечки претседател Милан Кучан во интервју за подгоричкиот весник „Побједа“.
– Имам впечаток дека Брисел во голема мерка не ги познава состојбите на западниот Балкан, па се стекнува впечаток дека политиката што ја спроведува не е секогаш принципелна, вели Кучан.
Тој оценува дека покрај БиХ, главна невралгична точка на Балканот е Косово, а „проблем останува и Македонија“.
– Единствена земја кој засега успеа да побегне од тој лонец е Црна Гора, додава поранешниот словенечки претседател.
Според Кучан, со инсистирањето на интересот на капиталот, Европа често ги занемарува етичките вредност на кои се темели европската идеја.