Возачот на Ферари, Себастијан Фетел на утрешната трка за Големата награда на Унграија ќе стартува од пол позицијата, откако на денешените квалификации имаше најдобро време.
Второ време постигна неговиот клупски колега Кими Раиконен, со што најавува дека Ферари се подготвени за добра трка, особено што на претходните квалификации доминираше Луис Хамилтон од Мерцедес.
Хамилтон и денеска по двете квалификациски сесии беше најдобар, но поради проблемите со моторот во последната сесија не успеа да го надмине резултатот на Фетел, Раиконен и на неговиот клубски колега Валтери Ботас и ќе стартува од позицијата број 4.