Младинската ракометна репрезентација на Македонија (играчи до 21.година) денеска оствари победа над селекцијата на Русија во натпревар за пласман од 5-8. место со 36:27 (21:11).
Избраниците на селекторот Илија Темелковски победата ја навестија во првиот дел кога по 4:4 направија серија од 9:3, која на полувремето беше и двоцифрена.
На почетокот на вториот дел Македонија имаше и +14 (25:11) што беше највисокото водство на натпреварот. Противникот потоа до крајот на дуелот само го намали водството.
Најефикасни кај Македонија беа Филип Кузмановски со 7 голови, Давор Палевски и Мартин Велсковски постигнаа по 6.
Нашата репрезентација утре во натпреварот за 5.место ќе игра со победникот од дуелот Унгарија – Тунис.