Со 64 гласа за и 4 гласа против, од вкупно 68 пратеници кои гласаа, Собранието на Република Македонија го изгласа буџетот за 2013-та.
„Најголем аплауз заслужуваат граѓаните на Република Македонија“, рече претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, по долгиот аплауз од пратениците.
Претходно од собраниската сала беа избркани пратениците од опозицијата.