Кина ја повика Северна Кореја да ги почитува резолуцијата на ОН

Од:

Кина денеска ја повика Северна Кореја да ја почитува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и да престане со сите активности кои можат да ги засилат тензиите на Корејскиот полуостров.

Пекинг се надева и дека сите страни можат да делуваат претпазливо, за да спречат ескалација на ситуацијата, посочи портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон изјави дека никогаш нема да прифати Северна Кореја вооружена со атомско оружје, и ги повика Кина и Русија да направат повеќе за ограничување на растечката закана за регионалната и глобална стабилност, која доаѓа од ракетните амбиции на Пјонгјанг.

– Кина и Русија се главните економски фактори кои и овозможуваат на Северна Кореја да развива програма за нуклеарно оружје и балистички проектили и носат „единствена и посебна одговорност за оваа растечка закана“, рече Тилерсон.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина