Двајца насилници претепале кумановец пред ноќен клуб

Од:

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(28) и Д.Ј.(30), двајцата од Куманово за сторено кривично дело „насилство“.

На 23.12.2012 година, околу 05,00 часот во Куманово, пред ноќниот клуб „Тунел“, пријавените физички го нападнале А.С.(28) од Куманово, удирајќи го со тупаници и клоци по главата и телото, од што му нанеле видливи повреди.

По спроведената истражна постапка од страна на Истражен судија  на првопријавениот му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Инаку, првопријавениот е познат сторител на кривични дела од областа на недозволено производство и трговија со алкохолни пијалоци, како и злосторничко здружување.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип