Познати се репрезентациите кои ќе се борат за медалите на Светското ракометно првенство за играчи до 21 година што се одржува во Алжир.
Франција – Данска и Германија – Шпанија ќе играат во полуфиналето на младинскиот ракометен Мундијал.
Ова е исходот по комплетирањето на четвртфиналните натпревари во кои беа постигнати овие резултати:
Франција – Македонија 33-17, Германија Тунис 27:21, Шпанија – Унгарија 30-29 (по продолженија) и Данска – Русија 38-31.
Денеска на шампионатот е слободен ден. Полуфиналните натпревари ќе се играат во сабота од 18 и 30 часот, додека дуелите за медал на прграмата се во недела.
Претстојниот викенд ќе се играат и мечевите за пласман од 5 до 8 место, на кои ќе настапи и македонската репрезентација. Црвено-жолтите утре од 17 часот, а противник ќе биде селекцијата на Русија која во групната фаза избраниците на селекторот Илија Темелковски ја совладаа со 29-27.