Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција, со која се бара од кипарските Грци и кипарските Турци да се придржуваат кон заложбите за повторно обединување на медитеранскиот осров, по неуспехот на преговорите меѓу двете земји овој месец.
Советот за безбедност го продолжи за уште шест месеци, до 31 јануари 2018 година, мандатот на меѓународната мировна мисија во Кипар.
Во резолуцијата се нагласува цврстата увереност на генералниот секретар на ОН, дека одговорноста за пронаоѓање решение на кипарскиот проблем е во рацете на самите жители на Кипар.