Јуниорките во ракомет поразени на стартот од ЕП во Словенија

Од:

Женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија (ракометарки до 19 години) со убедлив пораз ги почна натпреварите на Европското првенство што се одржува во Словенија. Во натпревар од групата Б, Хрватска ја победи Македонија со убедливи 35:14 (14:3).

По почетното испитување на силите и водството на Хрватска од 6:3, до крајот на првиот дел нашите јуниорки не ја погодија противничката мрежа,  што беше само најава на убедливиот пораз. Леонида Гичевска со шест голови беше најпрецизна во нашиот состав.

На вториот натпревар од првото коло од групата Б, Русија ја победи Норвешка со 23:15.

Утре од 17 часот во дуел од второто коло Македонија ќе игра против Русија.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa