СДСМ: Договорот со Бугарија е во согласност со националните интереси

Од:

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е во согласност со националните интереси на Република Македонија и одговара на интересите на граѓаните и на Македонија и на Бугарија, се наведува во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на пратеникот Никола Попоски.

– Со Договорот се реафирмира позицијата дека се работи за две посебни држави, два посебни народи и два посебни јазика, се затвора прашање што непотребно одвлекува внимание и енергија, се забрзува процесот на интеграција во ЕУ и НАТО, а Македонија станува пример за соработка во Југоисточна Европа, стои во соопштението.

Се потенцира дека успехот за постигнатиот договор е заеднички на сите граѓани, партии и сите досегашни влади, бидејки новата Влада го финализира процесот што е почнат во 2009 година, од кога се одржани десет заеднички состаноци на комисии меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

– Владата предводена од СДСМ води политика на пријателство и соработка и отчетно и транспарентно ги решава сите отворени прашања на Република Македонија, како на надворешен така и на внатрешен план и затоа, особено важно е ВМРО-ДПМНЕ да учествува и во заокружувањето на процесот и да даде поддршка на Договорот, се наведува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана