Повредена е пратеничката Весна Бендевска, која на раце ја изнесоа од собраниската сала. Во инцидентот повредена е и пратеничката Билјана Казанџиска.
И на двете пратенички им се укажува прва помош од медицинската служба во самото Собрание. Според информациите од пратениците, Бендевска всушност настрадала од обезбедувањето кое што се обидуваше да го извлече Трајко Вељаноски.
Евакуиран е претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со картичките кои никој не знае од каде ги добија влегоа од друг, а не од главниот влез во собраниската сала, каде што треба да се одржи седницата за буџетот.
Пратениците на опозицијата кои цела ноќ ја поминаа во Собранието, влегоа во салата, но не дозволуваат да започне седницата. Им довикуваат „Уаа лопови“.