Општина Центар реконструира три улици во Буњаковец

Од:

– Општина Центар врши реконструкција на три улици во Буњаковец.

Како што соопштуваат од Општината започната е реконструкцијата на коловозот на улица „Апостол Гусларот“ во должина од 110 метри, „Стеван Јакимов Дедов“ во должина од 100 метри и улица „Борка Талески“ во должина од 105 метри.

Вкупната должина на која ќе се рехабилитира коловозот со гребење и поставување на нов асфалт е на 2500 м2.

Во соопштението се додава дека со ова општина Центар ги довршува отпочнатите активности за обновување и санација на улиците и просторот во населба Буњаковец, во делот околу основното училиште Ј.Х. Песталоци.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории