Тројца повредени во шест сообраќајки во Скопје

Од:

Во Скопје во изминатото деноноќие се евидентирани шест сообраќајни незгоди во кои полесно се повредени три лица.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден санкционирала 20 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол и е исклучен од сообраќај. Двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, четворица возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а 16 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати биле и 62 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети биле вкупно 51 возило.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ