Министерството за локална самоуправа денеска ќе го промовира новиот проект „Подобрување на управувањето на локално ниво“, кој ќе се спроведува во соработка со УНДП.
На промоцијата, која ќе се одржи во ЕУ Инфо центарот, ќе присуствуваат министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, евроамбасадорот Самуел Жбогар, постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија Луиза Винтон и министерот за финансии Драган Тевдовски.
Средствата за проектот се обезбедени од Европската унија.