Австрискиот канцелар Кристијан Керн за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг изјави дека Турција не би требало да стане членка на Европската унија.
„Мислам дека членството на Турција во ЕУ е исклучено, а проширувањето на царинската унија е замисливо само доколку Анкара исполни строги услови поврзани со владеењето на правото“, вели Керн.Тој додава дека на Турција и преостанува да дејствува за да „се создаде елемент на нови односи меѓу таа земја и ЕУ“.