Кремљ не ги коментира новите санкции сè додека Трамп не ги потпише

Од:

Русија нема да го коментира новиот пакет американски санкции против Москва сè додека претседателот Доналд Трамп не ги потпише, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Американскиот конгрес, со намера да ја казни Русија поради нејзиното наводно мешање во изборите што се одржаа во САД минатата година, вчера усвои повеќе закони кои предвидуваат поостри санкции против Русија. Иако руски пратеници и официјални лица изјавуваа дека Русија разгледува контрамерки, Песков најавил дека сè уште е рано да се зборува за тоа.

Портпаролот на рускиот претседател рекол дека Трамп сè уште не ги потпишал законите за новите санкции, кои ги опишал како „жалосни“ и дека Кремљ мора многу внимателно да ги анализира пред да одлучи како ќе реагира. Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, рекол дека новите санкции се чекор кон затворање на можноста за нормализирање на односите меѓу САД и Русија.

 

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје