Бесплатно и анонимно тестирање за хепатит Ц во Битола, Охрид и Струга

Од:
Хепар Центар Битола, по повод Светскиот ден за борба против хепатитот, утре од 9.30  до 12 часот, во ТЦ Рамстор мол организира бесплатно и анонимно тестирања за Хепатит Ц. Настанот е  поддржан и во партнерство со Министерството за здравство, како и Центарот за јавно здравје Битола, Инфективна клиника, клиника за гастроентерохепатологија, Црвен крст на Македонија и др.
Целта на настанот е подигнување на свесноста за борба против хепатитот Б и Ц, како јавноздравствен проблем на светско и на европско ниво. Годинешната кампањата продолжува во наредните денови во Битола, Охрид и Струга, како летни одморалишта, поради што кампањата се одвива и во овие градови.
Статистиките на глобално ниво покажуваат дека, 80% од инфицираните со хроничен хепатит Б или Ц, доколку навремено не се третираат може да добијат карцином на црниот дроб или малигното заболувње, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опаснот по животот на пациентот.
Годинешната кампања, воедно е поддржан од многу јавни личности од нашата земја, како што се групата Нокаут, Кире Лазаров, Влатко Илиевски, Биба Додева, Виолета Томовска, Катерина Ивановска, Митко С. Апостоловски и Гаро Тавитјан. Хепар Центар Битола е дел од глобалното движење NOhep, под покровителство на Светската здравствена организација и светската алијанса за борба против хепатитот.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство