Наједноставните игри како што се префрлување на пинг-понг топче со дување од рака во рака придонесуваат за намалување на стресот, релаксирање и отворање на детето за примање нови знаења, тврди терапевтот Клаудио Моки.
– Кога детето се чувствува сигурно и релаксирано, тоа е подготвено за учење и успешно совладување на материјалот, додава тој.
– Дури 90 отсто од мозокот се развива до петтата година од животот, а на неговата големина и развиеност влијаат пред се слободната, неструктуирана игра, тврди Моки, терапевт и супервизор при Асоцијацијата за терапии со игри.
Тој неколку години го спроведува проектот „Растеме заедно“ во Нигерија, каде се обучуваат учители и наставници како и на кој начин да ги применуваат игрите во работа со деца.
Теоријата на Моки е дека непречената имагинација и креативноста неверојатно дејствуваат врз умот.
Тој наведе пример со експеримент со глувци, со кој тоа е докажано и кој беше иницијална каписла за продолжување на истражувањето со деца како учесници. Животните кои биле во кафези со играчки биле поинтелигентни и попожелни за спротивниот пол од оние со празни кафези.