Шимаски: Сомневањата на ЕК се неоправдани

Од:

Неоправдани се сомневањата на Европската комисија во врска со реформите на полскиот правосуден систем, изјави денеска полскиот заменик шеф на дипломатијата задолжен за европски работи, Конрад Шимаски, за полската агенција ПАП, пренесоа британските медиуми.

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, претходно денеска изјави дека Европската Унија „експресно“ ќе и го скрати правото на глас на Полска во европскиот блок доколку земјата ги спроведе контороверзните реформи за Врховниот суд.

-Препорака на Комисијата е дека полските власти не усвојуваат било какви мерки за отпуштање или насилно пензионирање на судии на Врховниот суд, рече Тимерманс, пренесоа француските медиуми.

„Доколку таквата мерка се усвои, Комисијата е подготвена веднаш да покрене процедура врз основа на член 7“, истакна потпретседателот на Европската комисија.

Полскиот претседател Анджеј Дуда вчера потпиша еден од трите спорни закони во рамки на реформата на правосудството, што предизвика бран протести на граѓаните и критика од европските институции.

Дуда претходно одби да ги поддржи другите два закона, а опозицијата и демонстрантите бараа тој да стави вето и врз овој закон, што на министерот за правда му дава големи овластувања, меѓу другото, и да именува и менува претседатели на општите судови во државата.

Тој претходно одби да ги потпише Законот за Врховен суд и Законот за државен правосуден совет, што ја изненади владеачката партија Право и Правда, пренесоа американските медиуми.

Полската конзервативна Влада вчера, и покрај ветото од претседателот,најави дека ќе продолжи со спроведување на реформата на правосудството.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази