Европскиот суд за правда пресуди денеска дека палестинското исламистичко движење Хамас треба да остане на црната листа на терористички организации објавена од Европската унија.
Европскиот суд поништи мислење на Општиот суд на ЕУ од 2014 година во кое пишува дека европскиот блок не нашол доволно докази за да задржи мерки за замрзнување средства и забрана за патување на припадници на Хамас. Листата на докази според судот од пониска инстанца, била повеќе заснована на медиуми и извештаи на интернет отколку на цврсти и правни аргументи.