Грчката полиција врз демонстрантите фрлала отровен солзавец

Од:

Хемикалиите кои ги користела грчката полиција за време на протестите против владините мерки за штедење, може да предизвикаат долгорочни здравствени проблеми, јави дописникот на МИА од Атина.

Претседателот на Здружението на лекари на Атина Јоргос Патулис, во разговор со новинар од агенцијата Анадолија, изјавил дека хемикалиите кои се наоѓаат во солзавецот што го употребила полицијата можат да предизвикаат сериозни последици по здравјето на луѓето.

Патулис за време на протестите работел како волонтер, и во ситуации кога биле употребени хемикалиите, им помагал на луѓето кои имале респираторни проблеми. Тој додаде дека во државни лаборатории се тестирани примероци од гас бомбите кои биле употребени на протестите, и откриено е дека содржат отро-клоробенилидин-малононитриле (ЦС). Според него, овие хемикалии предизвикуваат сериозни здравствени проблеми, од респираторни болести до рак.

– Откако откривме ЦС во примероците што ги тестиравме, утврдивме дека тие можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Солзавецот предизвикува отежнато дишење и печење на очите, и секако дека може да ги доведе луѓето во животна опасност ако го вдишат. ЦС содржи и канцерогени материи и може да предизвика големи здравствени проблеми, меѓу кои и рак, изјави Патулис.

Тој ја повика грчката Влада да „не ги користи овие хемикалии затоа што предизвикуваат долгорочни проблеми со дишењето, воспаление на очите, и болести на кожата“ и предложи да се употребуваат водени топови или други недеструктивни техники, како што се прави во многу европски земји.

Патулис соопшти дека од министерот за јавна безбедност и заштита на граѓаните Никос Дендиас добил позитивен одговор, и оти министерот ветил дека овие хемикалии повеќе нема да се купуваат за да се користат на протестите, „но ќе се користи вода под висок притисок и боја“.

– На последните протести користеа вода под висок притисок, но и хемикалии. Се надеваме дека Владата ќе донесе одлука за забрана на користење на овие хемикалии, изјави Патулис.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција