Во пресрет на УЕФА Супер Куп 2017 на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје Градот покрај подготвеното информативно видео и бројните активности кои се планирани за навивачите на двата фудбалски клубови, скопското Кале ќе го осветли во официјалните бои на УЕФА Супер Купот.
Со веќе поставените билборди и знамиња, градот дополнително ќе биде разубавен каде со својот нов изглед истиот се очекува да ги надмине очекувањата на сите за претстојната еуфорична атмосфера за време на натпреварот.
Град Скопје ја организира „неутралната фан зона“ која ќе биде лоцирана на плоштад „Македонија“. Во оваа зона ќе се организираат голем дел од предвидените активности и ќе биде овозможена богата музичка програма со познати изведувачи и диџеи. За оваа зона интерес покажаа четири од осумте официјални партнери на УЕФА, интерес кој досега се нема случено на друг Супер Куп. На 7 и 8 август активностите и музичката програма ќе започнат во 11 часот и ќе траат сè до 19 часот.