Концертниот 3Д спектакл, шоуто на Вивалдиано со повеќе од 60 музичари, танчери и наратори, прв пат ќе биде изведен во Македонија и тоа на 4 август на сцената на Античкиот театар во Охрид.
Вивалдиано е безвременски музички проект составен од реномирани музичари од различни стилови со внимателно доделени улоги, кој e шарена мешавина на современата музика која се гради врз темелите на барокот.
Го сочинуваат оркестар на класични музичари и арт рок изведувачи, како и танчари и наратори.
Она што им дава друга димензија на шоуата на Вивалдиано е дизајнот на светлата и 3Д проекциите на јапонскиот уметник, режисер и аниматор Косуоке Сагимотоа.
Вивалдиано ќе се претстават пред публиката со композициите на италијанскиот композитор Антонио Вивалди, но на нов и возбудлив начин преку вешто спојување на класичната музика со модерни елементи.