СДСМ Дебрца: Трајкоски прво ги создаде еколошките проблеми, а сега се промовира во спасител на Дебрца

Од:

На денешната седница на советот на општина Дебрца, советничката група на СДСМ предложи советот на општината едногласно да донесе Декларација за реафирмирање на стратешката определба на Дебрца како еколошки чиста општина и за отфрлање на предложеното решение за изградба на регионална депонија во Дебрца, со што ќе се изрази волјата на граѓаните и ќе се манифестира надпартиска сплотеност и единство по ова прашање.

„За жал и овојпат советниците од ВМРО-ДПМНЕ и независниот советник во Советот на општина Дебрца не успеаја да се надминат себеси. Истите тие, кои минатата година за ситни лукративни интереси ( работни места и пари ) , спротивно на искажаното незадоволство на граѓаните гласаа за изградба на асфалтната база, истиот тој градоначалник, кој тогаш не сакаше ниту да ги прими незадоволните граѓани, пријавувајќи ги во полиција, на денешната седница на советот на општината беа против предложената Декларација за еколошка одбрана на Дебрца“, се вели во соопштението на СДСМ Дебрца.

Тие велат дека градоначалникот Игор Трајкоски треба да престане „безобзирно да лаже дека СДСМ е против референдумско изјаснување на граѓаните. Напротив, како што беше наведено и во предложената Декларација се остава можност да се искористат и другите правни средства, вклучително и референдум, доколку не се почитува волјата на граѓаните и кој доколку има потреба би се спровел во погодно време“.

„Инсистирањето на референдум од страна на Трајкоски во овој момент, во пресрет на локалните избори е само негов обид за дефокусирање на јавноста и сокривање на неговата одговорност за создадените еколошки проблеми, како и на неговото криминално владеење со општината во изминативе четири години. Трајкоски да престане да лаже дека СДСМ е за изградба на регионална депонија во Дебрца. Советниците на СДСМ и во минатото, кога биле мнозинство во советот одлучно биле против вакво решение, затоа што секогаш биле слободоумни и на линија на интересите на граѓаните, за разлика од советниците на ВМРО ДПМНЕ, кои со потпишаните меници секогаш биле заложници на партијата“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Филипче: Привилегирани поединци на сметка на запоставување на мнозинството членови нема да има

Деспотовски: Покренавме бран на промени во СДСМ, ја враќаме моќта кај луѓето

Спасовски: Програмата на Владата е далеку од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, различна од се она што го говореше

(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните, нема поништување на Преспанскиот, нема промена на Преговарачка рамка

Филипче: Потребна е промена на организациската поставеност за поголемо вклучување на членовите

Предраг Петровиќ

СДСМ: ДПМНЕ го излажа народот, Митева и 77-те послушници на Мицкоски имаа можност да зборуваат ама молчеа

Предраг Петровиќ