Израелската Влада одлучи да ги отстрани детекторите за метал поставени на влезовите во комплексот на џамијата Ал Акса во Стариот град во Ерусалим.
Израелскиот Кабинет прифатил препораки од сите органи за безбедност да ја измени проверката со помош на детектори за метал на безбедносна проверка базирана нанапредни технологии, се вели во соопштение од Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Не е прецизирано кога детекторите за метал ќе бидат отстранети. Израелски медиуми јавија дека алтернатива се камери со висока резолуција што може да детектираат скриени објекти.
Израел постави детектори за метал на влезовите по нападот во кој беа убиени двајца полицајци на 14 јули. Тоа предизвика протести на Палестинците.