Со одигрувањето на натпреварите од последното 5.коло во групната фаза познати се репрезентациите кои ќе играат во осминафиналето на Светското првенство за ракометари до 21 година што се одржува во Алжир.
Македонската репрезентација за противник ќе ја има домашната селекција на Алжир, која во Д групата го освои третото место, додека нашите јуниори беа второпласирани во Ц групата.
Натпревраот меѓу Македонија и Алжир ќе се игра утре во терминот од 21 часот и 15 минути.
Утре на програмата се и останатите осминафинални натпревари, а во нив ќе играат:
Франција – Фарски Острови,
Тунис – Исланд,
Германија – Шведска,
Данска – Норвешка
Унгарија – Словенија,
Хрватска – Русија и
Шпанија – Аргентина.