На Светското првенство за ракометари до 21 година што се одржува во Алжир, денеска ќе се играат натпреварите од последното 5.коло во групната фаза.
По одигрувањето на овие средби ќе бидат познати комплетните двојки во разигрувањето, односно осминафиналната рунда.
Двојките за последното 5.коло се:
А група: Кореја – Чиле, Фарски Острови – Унгарија и Германија – Норвешка.
Табела: Германија 8, Норвешка 8, Унгарија 4, Фарски Острови 4, Јужна Кореја 0 и Чиле 0.
Б група: Словенија – Шведска, Катар – Египет и Франција – Данска.
Табела: Франција 7, Словенија 7, Данска 6, Шведска 4, Египет 0 и Катар 0.
Ц група: Шпанија – Тунис, Букина Фасо – Русија и Македонија – Бразил.
Табела: Шпанија 8 бодови, Тунис 5, Македонија 4, Бразил 4, Русија 3 и Буркина Фасо 0.
Д група: Аргентина – Мароко, Хрватска – Исланд и Алжир – Саудиска Арабија.
Табела: Исланд 8, Хрватска 7, Алжир 4, Аргентина 3, Саудиска Арабија 2 и Мароко 0.
Пласман во осминафиналето ќе обезбедат четирите првопласирани репрезентации во секоја од групите.