Курц бара прекин на преговорите за членство на Турција во ЕУ

Од:

Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“ изјави дека Брисел треба да заземе појасен став во однос на Турција, која се повеќе се дистанцира од Европската унија.

– Мојата прогноза е дека Турција ќе се оддалечува од Европа се оствари, посочи Курц додавајќи дека ќе продолжи да се залага за прекин на преговорите за членство на Турција во Европска унија.

Тој наведе дека наместо да и се предлага членство на Турција во ЕУ, Брисел треба да заземе појасен став кон Анкара и да се стреми единствено кон нормална соработка со неа.

– Ние не можеме да дозволиме да бидеме зависни од Турција, потенцира Курц.

Тој, исто така, ги осуди масовните откази и апсења во Турција по минатогодишниот неуспешен воен удар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин