Комплетирано третото коло на СП за ракометари до 21 година

Од:

Со шестте дуели во групите Б и Д кои беа одиграни во текот на вчерашниот ден, комплетирано е третото коло на Светското првенство за ракометари до 21 година што се одржува во Алжир.

Во дуелите од Б група, Франција и Словенија одиграа без победник 22:22, додека Данска со 10 гола разлика го совлада Катар, а Шведска беше подобра од Египет со 35:27.

На табела лидери се Франција и Словенија со по седум бодови, пред Данска која има шест, Шведска следува со четири, а без освоен бод се селекциите на Египет и Катар.

И во групата Д фаворитите забележаа победи. Хрватите во интересен меч ја победија Аргентина со 26:24, Исланд иако на полувремето губеше од Алжир со 10:11, сепак на крајот Исланѓаните забележаа победа со со 25:22,а Саудиска Арабија го декласира Мароко со 29:19.

Исланд е лидер на табелата со максимални осум бодови, пред Хрватска со седум по која следуваат: Алжир четири, Аргентина три, Саудиска Арабија два и Мароко без бодови.

Денеска на програмата се дуелите од четвртото коло во Ц и – групите, меѓу кои и дуелот на нашите ракометари против нивните врсници од Шпанија.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ