Изложбата „Спектрум“ на Маја Кировска во Португалија

Од:

Изложбата „Спектрум“ на Маја Кировска ќе биде претставена на манифестација во Брага, Португалија што се одржува од денеска до 6 септември.

На изложбата ќе бидат претставени инсталациите насловени „Сино“, „Филтер“ и „Не е се така розево“ кои се комплексни, составени од повеќе елементи и употребени се фотографија, аугментирана реалност, објекти и дигитален принт. Делото „Не е се така розево“ е видео анимација која е предвидено да се гледа со специјални очила.

Првпат, изложбата „Спектрум“ на Кировска беше претставена во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во периодот од 29 декември 2015 година до 15 јануари 2016 година.

Манифестација во Брага се одржува на повеќе локации во историски згради и музеи како што се Palacio do Raio, Museum og the Image, Галеријата на станицата, галеријата на Mestre Alberto Vieira…

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски