ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да го исполни тоа што го ветуваше

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на премиерот Заев во Штип.

„Зоран Заев мора да го исполни тоа што го ветуваше.

Граѓаните не очекуваат 12 000 денари минимална плата туку 16 000 како што ветуваше пред изборите. Граѓаните очекуваат 30 000 денари просечна плата како што ветуваше за време на предизборната кампања.

Антиреформската влада на СДС ветува дека ќе дава помош за компаниите за да се зголемат платите, но не објасни дека истите тие пари ќе дојдат од даноците кои ги плаќаат сите граѓани на Република Македонија. На тој начин парите собрани од сите граѓани ќе одат како помош за сопствениците на неколку компании. Така владата на СДС ќе ги помогне и збогати бизнисмените блиски до нив, а не работниците во текстилната индустрија.

ВМРО-ДПМНЕ кога ја предводеше владата покажа како одговорна Влада треба да се грижи за работничките права. Во тој период се донесе закон за минимална плата која се покачуваше неколку пати, како и низа закони кои значително го подобрија стандардот и животот на работниците.

Го повикуваме СДС наместо со гол популизам и партиски вработувања да се зафати со решавање на реалните проблеми на граѓаните на Република Македонија“

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито