А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев-Жбогар: Брисел гледа отворени можности за напредок на Македонија

by А1он21/07/2017 - 15:14102
Share0

Брисел ја реафирмира поддршката за реформската Влада во Македонија, со земјите-членки на ЕУ сега гледаат можност за напредок на државата и се подготвени на принципиелно и експертско ниво да и помогнат во реформскиот процес, истакнал амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар на денешната средба со премиерот Зоран Заев.

Следете a1on на Instagram Instagram

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, во контекст на реафирмирана поддршката на Брисел од Владата е изразена подготвеност за суштински промени во државата со цел подигнување на квалитетот на животот на граѓаните, демократизација на општеството и отворање на евроатлантските перспективи на државата.

Заев и Жбогар разговарале за претстојните реформи во делот на правосудниот систем, во делот на медиумите и воспоставувањето професионални државни институции.

– Владата е цврсто определена кон создавање услови за независно судство, објективни медиуми, ефикасни државни институции, чијашто цел се единствено потребите на граѓаните. Реформите на коишто се обврзавме во Планот 3-6-9 и ќе продолжиме да ги реализираме, инклузивно, со можност за вклученост на сите, поединци, групи, граѓанскиот сектор, опозицијата. Од големо значење е и поддршката и помошта што ја добиваме од нашите пријатели од Европа, кон која што се стремиме како држава, рекол премиерот Заев.

Следете a1on на Youtube YouTube

– На средбата е поздравен исчекорот што го прави Владата на Република Македонија кон добрососедските односи, во духот на регионалната соработка која што отвора евро-атлантски перспективи, а со тоа и стабилност и безбедност за целиот регион, се вели во соопштението.

euvladaZaev

Би можело да ве интересира

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:49

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:49

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

Горан Наумовски27/07/2026 - 22:18

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија

Горан Наумовски27/07/2026 - 22:18

Исландската опозиција ѝ порача на ЕУ: Не се мешајте во нашиот референдум

Горан Наумовски27/07/2026 - 19:21

Европа останува без пари за Киев

Горан Наумовски19/07/2026 - 19:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео