Загадена водата од Кадиска чешма во Крива Паланка

Од:

Водата од познатата Кадиска чешма во Крива Паланка е небезбедна за пиење, покажуваат најновите испитувањата на Центарот за јавно здравје – Куманово.

Според наодот, во водата има бактерии од фекално потекло и ешерихија коли.

Од Центарот за јавно здравје – Куманово препорачуваат локалното население да не ја користи водата за пиење ниту за производство на храна, а на водата редовно да се врши дезинфекција и кондиционирање.

Раководителот на комуналното инспекциско одделение во Општина Крива Паланка Бранко Велиновски посочи дека ќе се изврши хиперхлорирање на водата од јавната чешма, а услугата ќе ја изврши Јавното претпријатие Комуналец од Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат