Израелските власти им забранија влез на помладите мажи во Стариот град на Ерусалим

Од:

Израелската полиција денеска им забрани на муслиманските мажи под 50 години да влегуваат во Стариот град на Ерусалим за време големата петочна молитва.

Забраната е поради силните тензии за Храмот на ридот (Плоштадот на џамиите во Стариот град на Ерусалим).

– Влегувањето во Стариот град и во Храмот на ридот ќе биде забрането за мажите под 50 години. Додека влезот на жените ќе им биде дозволен, се посочува во полициското соопштение.

Палестинците не го одобруваат минатонеделното поставување на детектори за метали на влезовите на Храмот на ридот. Тоа беше одобрено откако беа нападнати израелски полицајци минатата недела.

Поради детекторите за метал муслиманските верници одлучија да не одат на молитва на Плоштадот на џамиите и стотици Палестинци од неделата се молат во Стариот град, каде секојдневно има судири со полицијата.

Храмот на ридот или Плоштадот на џамиите се наоѓа во Источен Ерусалим, палестинскиот дел од градот, анектиран од Израел, кој го контролира пристапот, но со објектот управува Јордан.

Би можело да ве интересира

Американски претставници на средба со Нетанјаху: Примирјето со Хезболах мора да ја гарантира безбедноста на Израел

А1он

ВИДЕО: Најсмртоносен напад на Хезболах на Израел, убиени петмина

Катерина Ѓуровски

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Новиот шеф на Хезболах: Напуштете ја нашата земја, ако останете ќе платите

Најмалку 19 загинати Палестинци во новиот израелски напад на Газа

Хезболах тврди: Нетанјаху е исплашен бидејќи е наша мета

Горан Наумовски