Меѓународниот мировен пратеник за Сирија Лахдар Брахими пристигна денеска во Дамаск, започнувајќи нова мисија во обид да се стави крај на жестоките речиси двогодишни судири меѓу силите на претседателот Башар ал Асад и бунтовниците.
Анонимни официјални претставници соопштија дека пратеникот на ОН и Арапската лига, кој е забележан во хотелот „Шератон“ во центарот на Дамаск, допатувал во Сирија од соседен Либан, во ненајавена посета.
Брахими последен пат ја посети Сирија на 19 октомври, остварувајќи средба со Асад и други високи претставници по повод временото примирје за муслиманскиот празник Еид ал Адха, кое и покрај ветувањата не се исполни.