Гаражата на семејството Петковски засега безбедна од плановите на Јакимовски и Ристовски

Од:

Управниот суд донесе Решение за времена мерка со која и се забранува на Општина Карпош да презема какви било дејствија, сè до правосилно завршување на судската постапка за легализација на објектот гаража на семејството Петковски во Тафталиџе.

Семејството Петковски минатиот месец поднесе тужба до Управниот откако по шест години одлучување Општина Карпош реши да им го одбие барањето за легализација на гаражата.

Според Мартин Петковски, сопственикот на гаражата, општината сака да му ја сруши гаражата за да му направи пат на поранешниот министер Спиро Ристовски до неговата парцела. „Мојата гаража не ја давам, дај ја Стевче ти твојата“, му порача Петковски на градоначалникот на Карпош на протестот оваа недела на кој учествуваа и соседите на Петковски кои му дадоа поддршка за спорот против Јакимовски и Ристовски.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец