А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Движење БЕСА: Срамот на Теута Арифи не го покриваат ни чадорите

by А1он20/07/2017 - 14:18230
Share0

„Иако знаеме дека пропаднатите и срамни политики на градоначалничката на Општина Тетово, госпоѓа Теута Арифи, не може да ги покрие ништо, ние, Младинскиот форум на Движењето БЕСА се трудиме да го покриеме овој срам кој не покрил бидејќи Тетово се води од една неспособна градоначалничка.

Добивај вести на вибер

Се наоѓаме денес тука, меѓу овој куп отпад кој се наоѓа во влезот на Тетово, за да ја оствариме оваа симболична активност во знак на револт кон оваа еколошка катастрофа.

Како да не беше доволно труењето на градот со години, отсуството на вода и елементарните хигиенски услови, Општина Тетово покажа страшно занемарување кон отпадот во градот. Преполниот град со отпад, во овие летни горештини, освен неподносливата смрдеа, е извор и за различни заразни болести.

Денеска сме тука да ја потсетиме градоначалничката, г-ѓа Арифи, за нејзиното ветување дека Тетово ќе го направи најчист град во Македонија. Не знаеме дали вака изгледа чистотата на која мислел Теута Арифи, но секој ден сме сведоци на многуте лаги кои оваа неуспешна градоначалничка им ги кажа на тетовчани. Се што прави госпоѓа Арифи е обид срамот да го покрие со невистинити вести.

Затоа, денес ние, младината на Движењето БЕСА, преку оваа симболична акција овој срам ќе го прикриеме со чадори, на ист начин како таа постапи сиве овие години. Иако, свесни сме дека срамот на градоначалничката, со што Тетово стана најзагаден град во Европа, не може да се покрие ни со сите чадори на светот, сакаме да упатиме порака дека овој срам ќе заврши кога таа веќе нема да седне на градоначалничката фотелја, од каде донесе само одлуки на штета на граѓаните“, соопштуваат од БЕСА.

besa

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски02/08/2024 - 13:0202/08/2024 - 13:21

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on13/06/2024 - 23:2913/06/2024 - 23:30

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски25/02/2024 - 15:4425/02/2024 - 15:45

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски24/02/2024 - 14:1124/02/2024 - 14:12

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Горан Наумовски31/01/2024 - 15:14

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски26/01/2024 - 14:4626/01/2024 - 14:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен