Вардар прв пат во својата историја против данска екипа во европските купови

Од:

Вардар го доби противникот во третото квалификациско коло од Лигата на шампоните. Данскиот првак Копенхаген ќе биде ривал на „црвено-црните“ во следната рунда. И покрај поразот од 1:2 од Жилина, сепак, благодарение на триумфот од 1:3 на првиот меч, Копенхаген се пласираше во следната фаза.
Копенхаген е формиран 1992 година, и од тогаш е чест учесник во европските натпревари. Сега е актуелен првак на Данска, и до сега има 12 титули првак во својата земја, што го прави втор најтрофеен клуб во својата земја. Тренер е Стале Солбакен, екс предводник на Келн и на Вулверхемптон.

Во минатата сезона данскиот тим играше во групната фаза од Лигата на шампионите и беше во група заедно со Лестер, Порто и Бриж, каде што завршува на третата позиција по што продолжи во Лигата на Европа, каде што се пласираше меѓу најдобрите 16 екипи во ова натпреварување.

До сега четири пати играа во групната фаза од Лигата на шампионите, а најголемо достигнување им е пласманот во 1/8 финалето во сезоната 2010/2011.

Домашните натпревари ги игра на стадионот „Телиа Паркен“ кој што е со капацитет од 38.000 места.

Вардар до сега никогаш не играл со противник од Данска во европските купови.

Првиот натпревар Вардар го игра како гостин на 25/26 јули, додека реваншот е на 1/2 август.

Би можело да ве интересира

Вардар повторно има нов тренер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пелистер славеше над Вардар и го закова на дното

Комити бараат новиот газда на Вардар да го смени Миленко Неделковски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Новоматик Македонија ќе го финансира ФК Вардар со еден милион евра годишно

Катерина Ѓуровски

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

ФК Вардар доби свој дом во Аеродром, пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

А1он