По одигрувањето на реванш-натпреварите од втората квалификациска рунда во фудбалската Лига на шампиони познати се паровите за третото коло.
Единственото изненадување во втората рунда го направи Вардар кој во вторникот го елиминира фаворитот и шведски првак Малме. Синоќа немаше изненадувања па фаворитите како што се АПОЕЛ, Легија, Селтик, Салцбург, Лудогорец, одат понатаму.
Двојки за 3.коло:
Копенхаген – Вардар,
Славија Прага – БАТЕ Борисов,
Астана – Легија,
Марибор – Хафнарфјордур,
Селтик – Розенборг,
Хапоел Бер Шива – Лудогорец,
Виторул – АПОЕЛ,
Салцбург – Салцбург,
Карабах – Тираспол,
Партизан – Олимпијакос,
Стеауа – Плзен,
Ница – Ајакс,
Динамо Киев – Јанг Бојс,
АЕК – ЦСКА Москва,
Бриж – Башакшехир.